Dilara Zengin
03 Април 2020•Ажурирај: 05 Април 2020
ВАШИНГТОН
Светската банка соопшти дека основа нова програма на поддршка со која ќе бидат обезбедени парични средства за земјите во развој во борбата против новиот вид коронавирус, Ковид-19, јавува Агенција Анадолија (АА).
Планирано е во рамките на оваа програма во наредните 15 месеци да бидат обезбедени околу 160 милијарди долари.
Од Светската банка наведоа дека целта на економската програма е да се забрза периодот на закрепнување на овие земји по кризата, да се создадат услови за економски раст, да се поддржат малите и средните претпријатија и да се пружи помош на сиромашните жители.
Шефот на Светската банка, Дејвид Малпас, изјави дека веќе се преземени опсежни активности во борбата против ширењето на епидемијата на Ковид-19, додавајќи дека оваа банка спроведува активности во над 65 земји.
Тој исто така, истакна дека презеле мерки за да помогнат на земјите во развој додатно да развијат способности за поефикасно да одговорат на пандемијата на Ковид-19 и на тој начин да го забрзаат економското и социјално закрепнување.