Halit Süleyman
26 Мај 2016•Ажурирај: 27 Мај 2016
ИДЛИБ (АА) - Најмалку четири лица загинаа, а 15 се повредени при воздушен напад на пазар во сирискиот Идлиб, јавува Anadolu Agency (AA).
Нападот е извршен од страна на воените авиони на сириската армија. Според податоците на цивилната заштита, авионот од типот Су-24 извршил напад во североисточниот дел на Идлиб, во областа која е под контрола на сириската опозиција.
Потврдиено е дека загинале четири цивили, а повредени се 15. Нападот бил извршен на пазар за добиток при што се усмртени десетици овци. Исто така уништена е и инфраструктурата, а жителите останаа без струја и вода.
Воените авиони на сириската армија во последно време интензивно ги бомбардираат областите во Идлиб, кои се под контрола на опозицијата.