Tuba Onğun
15 Јули 2022•Ажурирај: 16 Јули 2022
БРИСЕЛ (АА) - Бројот на регистрации на патнички автомобили во Европската Унија (ЕУ) се намали за 14 отсто на годишно ниво во првата половина на 2022 година, бидејќи проблемите со синџирот на снабдување го ограничуваат производството на возила, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Во периодот јануари - јуни се регистрирани 4,6 милиони нови патнички автомобили“, соопшти Европската асоцијација на производители на автомобили (ACEA).
Најголем пад забележа Италија - 22,7 отсто, Франција - 16,3 отсто, Германија - 11 отсто и Шпанија, 10,7 отсто.
Во јуни беа регистрирани 886.510 нови автомобили, односно за 15,4 отсто помалку на годишно ниво. Во последниот месец најголем пад забележаа Германија - 18,1 отсто и Италија - 15 отсто, Франција - 14,2 отсто и Шпанија, 7,8 отсто.