Şeyma Uzundere
15 Јули 2022•Ажурирај: 18 Јули 2022
АНКАРА
Пожарите кои траат веќе четири дена уништија поеќе од 7.500 хектари површина во близина на градот Бордо, југозападна Франција, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според вестите што ги објавија локалните медиуми, во тек се напорите за гаснење на пожарот што започнаа на 12 јули во две шуми во регионот Жиронда.
Веќе четири дена повеќе од 1.000 луѓе и 9 хеликоптери учествуваат во гасењето на пожарите.
Пожарите кои беснеат ги оштетија рестораните и куќите во подрачјата Аркашон и Ландирас во регионот Жиронда, а 11.300 луѓе, главно туристи кои кампуваа во околината, се префрлени во безбедни подрачја.
Досега пожарот во пепел претвори површина од над 7.500 хектари.