Emre Aytekin
21 Септември 2022•Ажурирај: 23 Септември 2022
ПЕКИНГ (АА) - Прекините во испораката на рускиот природен гас поради Руско-украинската војна ја зголемија во Европа побарувачката за соларни панели произведени во Кина, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Кинеската медиумска групација со седиште во Пекинг, „Каиксин“, објави дека во извештајот на консултантската компанија за енергетска индустрија „Инфолинк“, се наведува дека од Кина во европските земји во првите седум месеци во 2022 година е забележан пораст на извоз на фотонапонските панели со капацитет од 51,5 гигавати.
Во извештајот се наведува дека извозот на панели за производство на соларна енергија во периодот јануари - јули е зголемен за 25,9 отсто во однос на истиот период од претходната година.
По почетокот на Руско-украинската војна на крајот на февруари годинава, руската енергетска компанија „Гаспром“ ја намали дневната испорака на природен гас во Европа преку гасоводот „Северен тек“, а на почетокот на септември целосно ја прекина.
Европските земји, кои се во голема мера зависни од Русија за увоз на енергенти, се соочија со енергетска криза по одлуката да се запре протокот на гас.