Seda Sevencan
21 Септември 2022•Ажурирај: 23 Септември 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - Уште осум брода ги напуштија украинските пристаништа според Договорот за извоз на жито во Истанбул, соопшти денеска турското Министерство за национална одбрана, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Министерството не се откриени точките на поаѓање или дестинациите на бродовите.
Туркије, Обединетите нации (ОН), Русија и Украина на 22 јули во Истанбул потпишаа договор за продолжување на извозот на жито од три украински пристаништа во Црното Море, што беше прекинат од почетокот на Руско-украинската војна во февруари.
Во Истанбул е формиран Заеднички координативен центар со официјални претставници од трите земји и ОН за надгледување на испораките.
Откако првиот брод исплови, според договорот од 1 август, повеќе од 160 брода пренеле преку 3 милиони тони земјоделски производи низ коридорот за жито.