Германскиот канцелар Мерц домаќин на Зеленски и лидерите на ЕУ за разговори за Украина
- „В понеделник, Мерц прво ќе одржи билатерални разговори со Зеленски за економската поддршка на Украина и ќе разговара за најновите дипломатски иницијативи“
БЕРЛИН (АА) - Канцеларот Фридрих Мерц ќе биде домаќин на украинскиот претседател Владимир Зеленски и на неколку европски лидери во Берлин следната недела за да разговараат за најновите случувања во мировните преговори, објави денес неговиот кабинет, јавува Анадолу.
„В понеделник, Мерц прво ќе одржи билатерални разговори со Зеленски за економската поддршка на Украина и ќе разговара за најновите дипломатски иницијативи“, соопшти портпаролот на германската Влада, Стефан Корнелиус.
„Вечерта, повеќе европски шефови на држави и влади, како и високи претставници на ЕУ и НАТО, ќе се приклучат на разговорите“, рече Корнелиус, без да даде дополнителни детали за учесниците или агендата на состанокот.
Мерц потврди вчера дека Киев и неговите европски сојузници развиле нов предлог за мир во Украина, кој се однесува на територијалните прашања.
Тој рече дека предлогот ќе биде дискутиран со американските претставници во текот на викендот, додавајќи дека учеството на САД на планираниот состанок во Берлин ќе зависи во голема мера од заедничкото изготвување на документите на кои моментално се работи.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
