Турција, економија

Албајрак: „Бројот на фирми во програмата за борба со инфлацијата достигна 2.500“

Министерот Албајрак нагласи дека Одборот за даночна ревизија ќе се реорганизира

Jeyhun Aliyev  | 31.10.2018 - Обновена : 01.11.2018
Албајрак: „Бројот на фирми во програмата за борба со инфлацијата достигна 2.500“

Ankara

АНКАРА (АА) - Намалувањето на данокот на додадена вредност и на посебните потрошувачки даноци ќе продолжи до крајот на годината, изјави денес турскиот министер за трезор и финансии, Берат Албајрак, јавува Anadolu Agency (AA).

Тој истакна дека бројот на компании кои се дел од програмата за борба против инфлацијата во Турција надминува 2.500 фирми.

Министерот Албајрак нагласи и дека Одборот за даночна ревизија ќе се реорганизира.

„Стапките на посебниот потрошувачки данок во индустријата за бела техника до крајот на годината ќе се намалуваат до нула“, рече Албајрак.

Министерот потенцираше дека намалувањето на данокот на додадена вредност од 18 на 8 отсто во секторот на продажба на домови и во индустријата за мебел ќе продолжи до крајот на годината.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın