Admir Fazlagic
26 Февруари 2019•Ажурирај: 27 Февруари 2019
СКОПЈЕ (AA) - Претседателот на Стопанската комора на Република Северна Македонија, Бранко Азески се состана со делегација на Претседателството на Босна и Херцеговина (БиХ), предводена од членот на Претседателството, Жељко Комшиќ, јавува Anadolu Agency (AA).
На прес-конференцијата одржана по средбата, претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески изјави дека членот на Претседателството на БиХ, Жељко Комшиќ, кој во земјава е по друг повод, разговарале за подобрување на односите на економски план, што според него, зборува дека политичарите ги имаат сфатено пораките и се вртат кон економијата во која заеднички можат да се остварат резултати.
Азески рече дека за неговата земја и за Босна и Херцеговина, тоа е потребно затоа што заради проблематичната инфраструктура, двете земји останале на ниско ниво на размена и истакна дека е потребна акција во рамките на Коморскиот инвесициски форум, каде што земјите имаат пристап до фондовите на Европската унија за нивна економска поддршка.
„Улогите ги поделивме, БиХ ќе ги води процесот на сите земји на дигитализација, ние ќе го водиме во сите шест земји делот за вовдеување на системот на дуално образование. Почнуваме сериозна акција која стартува идната недела, кога ќе се одржи првиот самит за дигитализација за земјите на Западен Балкан, па ќе продолжи со Сараевскиот бизнис форум кој ќе се одржи во април", рече Азески.
Тој додаде дека од Комшиќ, како од политичар, побарал да помогне во иницијативите за подобрување на инфрастуктурните капацитети, воведување на авионска линија Скопје-Сараево, подобрување на комуникативните можности, како и формирање Министерство за регионален развој, како и создавање заеднички институции кои се потребни за да бизнисмените ја зголемат размената во рамките на Западен Балкан.
Азески информираше дека Северна Македонија и БиХ имаат 160 милиони долари меѓусебна трговска размена, а на ниво на Западен Балкан, трговската размена според него, изнесува околу милијарда и пестотини милиони долари.
Од друга страна, членот на Претседателството на БиХ, Жељко Комшиќ рече дека поводот за неговото доаѓање во земјата е одбележувањето на 15. годишнината од смртта на поранешниот македонски претседател Борис Трајковски, но ја искористиле можноста да поразговараат и за конкретни работи со цел нивно подобрување.
Тој додаде дека од гледната точка на БиХ, поради устанвото уредување на оваа земја, работите не изгледаат едноставно.
„Разговаравме за Министерство за регионален развој. Прашањето изгледа едноставно, но веднаш во БиХ ќе отвориме расправа која потполно не е рационална расправа, туку повеќе политичка, на коие ниво на власта треба се формира такво едно министерство. Ако Македонија го направи тоа ќе биде едно министерство, а кај нас може да се случи да имаме две, а можеби и повеќе", истакна Комшиќ.
Тој информираше дека со Азески разговарале и за воспоставуање на авионска линија која би ги поврзала Скопје, Подгорица и Сараево, за конректниот обем на трговска размена, за институционална рамка во однос на она што треба да се направи во државите и што државите меѓу себе треба да унапредат.
Исто така, Комшиќ додаде и дека БиХ и Северна Македонија немаат потпишано Договор за избегнување на двојно оданочување, што е го окаректеризира како апрсурдно.