економија

„Централноевропскиот пазар се враќа во Турција“

„Целта за 2023 година повторно ќе се коригира. Ако оваа година успееме да стигнеме до 50 милиони туристи, ќе имаме можност за ревидирање на бројката од 70 милиони, бројка планирана за 2023 година“

Ayşe Yıldız  | 28.02.2019 - Обновена : 01.03.2019
„Централноевропскиот пазар се враќа во Турција“

АНТАЛИЈА (АА) – АЈШЕ ЈИЛДИЗ –

Претседателот на Асоцијацијата на туристичките агенции на Турција (TURSAB), Фируз Багликаја, истакна дека побарувачката за раните резервации во Турција е поголема отколку што се очекувало.

Багликаја, во разговорот за Аnadolu Аgency (AA) рече дека организираат програми за обезбедување нови дестинации, програми за стимулирање на туристичките агенции за да можат да го раздвижат внатрешниот туризам и програми за обезбедување бизнис-можности.

Тој истакна дека бројката на туристи од централноевропскиот пазар не е достигната дури од 2015 година, се очекува тие туристи да се вратат назад, и со тоа да се достигне таа бројка, порачувајќи дека како резултат на тоа 2019 година ќе биде добра година.

Багликаја истакна дека пред почетокот на екот на сезоната сакаат да разменат мислења со туристичките агенции за бизнис-можностите, за туристичките програми, а исто така и со туристичките агенции кои носат туристи во другите делови на Турција подобро да го запознаат тој регион. Во тие рамки, во Анталија, како што рече, имаат состанок со 170 претставници на агенции од различни региони во земјата.

Багликаја, исто така нагласи дека за раздвижување на внатрешниот туризам значајно е агенциите да го познаваат својот производ и да го знаат потенцијалот на земјата, и дека затоа ќе продолжат со програмите.

- „Раните резервации се повисоки од очекуваните“ -

„Побарувачката за раните резервации се повисоки од очекуваните“, рече Багликаја, и истакна:

„Се случуваат добри работи. Очекуваме раст на сите пазари. И првите податоци се во таа насока. Раните резервации се повисоки од очекуваното. Централноевропскиот пазар кој не го достигнавме сѐ уште, дури од 2015 година, се враќа назад. Затоа 2019 ќе биде добра година. За да ги дадеме конечните бројки треба да го почекаме крајот на март. Тоа што се гледа во моментот е дека резервациите се одвиваат според зацртаните цели. Оваа година ќе ја достигнеме целта од 50 милиони туристи. Растот од 25 отсто беше многу важна цел. Светскиот туризам расте за 6 отсто. Во Европа растот на туризмот е околу 7 отсто, многу е повисок од нашиот Медитерански басен. Всушност, за оваа година предвидувањата на растот се 20 проценти. Се надевам дека ќе успееме.“

Истакнувајќи дека туризмот на Турција се движи кон првите места во светски рамки, рече дека Германија, Русија и Велика Британија се главните пазари на Турција.

Тој рече дека ќе учествуваат на саемите на трите главни пазари, и додаде дека бројот на туристите кои доаѓаат од Германија е под бројката од 2015 година, но таа бројка, според него, ќе се зголеми.

- „Во Русија има постојан пораст“ -

„Сѐ уште немаме туристи колку што заслужуваме на пазарите каде што се наоѓаме. Кога ќе погледнеме колкав е процентот на туристи што ги испраќаат тие земји, ќе видиме дека ќе треба да се помине уште долг пат. Таму треба да се продолжи со работа“, рече Багликаја, додавајќи дека во Русија има постојан пораст. 

Тој, исто така нагласи дека на саемите на трите главни пазари ќе учествуваат со ефикасен кадар и со големи штандови и дека Турција ќе биде една од најактивните земји во тие програми.

„Јас верувам дека целта за 2023 година повторно ќе се коригира. Ако оваа година успееме да стигнеме до 50 милиони туристи, ќе имаме можност за ревидирање на бројката од 70 милиони, бројка планирана за 2023 година. Се надевам дека одговорните лица, откако ќе ги видат резултатите од 2019 година, повторно ќе ги оценат бројките. Затоа што ако во 2019 година стигнеме до 50 милиони, целта за по 4 години може да биде ниска, со оглед на сегашниот процент на годишен раст“, нагласи Багликаја. 

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın