Ata Ufuk Şeker
08 Април 2016•Ажурирај: 09 Април 2016
Брисел (АА) – Авиокомпанијата ‘Turkish Airlines (THY)’, денес почна со летовите кон аеродромот Завентем во Брисел кој беше затворен по терористичките напади, јавува Anadolu Agency (AA).
Од управата на аеродромот Завентем соопштено е дека во утринските часови авион од ‘Turkish Airlines’, летал на релација Истанбул - Брисел.
Пред тероритсичките напади, кои се случија на аеродромот Завентем и метро станицата Маелбек, THY дневно имаше пет летови на релацијата Истанбул -Брисел По нападот на аеродромот Завентем , интензивирани се безбедносни мерки и отворен е само дел од аеродромот.
Завентем е еден од најважните аеродроми во Брисел на кој 77 авиокомпании имаa летови за 226 дестинации. Во терористичките напади кон крајот на март на аеродромот и метро станицата, загинаа 32 а ранети беа повеќе од 200 лица. Поради острите безбедносни мерки на аеродромот, патниците требаат најмалку три часа пред летот да бидат на аеродромот, така да на време бидат подложни на контрола.