Bekim Laci
29 Март 2016•Ажурирај: 30 Март 2016
СКОПЈЕ (AA) - Нехигиенски услови на производство, немање декларации или непотполни декларации, производи со поминат рок но и немање или неспроведување на стандардите со производство во трговијата се најголемиот дел од претставките кои потрошувачите ги упатуваат од Агенцијата за храна и ветеринарство, е заклучокот кој денес го истакнаа учесиниците на обуката во врска со безбедноста на храната која се одржува во организација на Стопанска комора на Северо-Западна Македонија (СКСЗМ), јавува Anadolu Agency (AA).
Фатмир Битиќи од СКСЗМ, рече дека се наоѓаат во фаза во која се вреднува способноста на компаниите да бидат конкурентни на локалниот и глобалниот пазар на квалитетот на храната која ја нудат. Според него, домашните компании спроведуваат потребните стандарди за сигурност на храната но тоа го прават на минимално ниво што претставува предизвик за комората да работат во правец на имплементација на стандардите се со цел да бидат што поконкурентни на светскиот пазар. Во овој правец тој го спомна Халал стандард кој не претставува законска обврска но истовремено овој стандард овозможува пристап до странските пазари.
"Не можеме да кажеме дека компаниите направиле максимум во овој правец меѓутоа ние како комора разговараме со нив и им укажуваме за трендовите на зголемување на обемот на работа при имплементација на што поголем дел од стандардите", рече Битиќи.
Гоце Ѓуровски од компанијата "ЗОНЕЛ Софтвер", го претстави "Амбион" софтверот како дел од софтверските и хардверските решенија за безбеден режим за чување и манипулација со храната. Според него, софтверот е клучна алтка во безбедно управување и чување на прехрамбените производи.
Дел од денешната презентација беше и ГЛК стандардот за безбедност на храната кој се применува кај малите и средните претпијатија од 2013 година и овозможува пристап до европските пазари.