Ata Ufuk Şeker
30 Октомври 2018•Ажурирај: 30 Октомври 2018
БРИСЕЛ (АА) - Вработените во компанијата „Aviapartner“ (Авиапартнер), која се занимава со товарење на багажот на аеродромот „Завентем“ во Брисел, штрајкуваат од четвртокот вечер, поради што се откажани голем број летови, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на компанијата се наведува дека „Aviapartner“ обезбедува услуги за 29 авиокомпании кои летаат кон или од Брисел. Поради штрајкот, за денес се откажани над 100 летови.
Преговорите со вработените сè уште не вродија со плод.
Тие бараат подобрување на условите за работа и поголеми плати.
Авиокомпаниите на аеродромот „Завентем“ соработуваат со „Swissport“ и „Aviapartner“. Минатата година компаниите штрајкуваа во различни временски интервали, а последиците ги почувствуваа голем број патници.