Bahattin Gönültaş
30 Октомври 2018•Ажурирај: 31 Октомври 2018
БЕРЛИН (АА) - Во септември оваа година вкупниот број на вработени во Германија ја достигна бројката од 45 милиони лица, со што за прв пат е постигнат рекорд по 1990 година, односно по обединувањето на Источна и Западна Германија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според привремените податоци објавени од страна на германската Федерална институција за статистика (Destatis), сезонското вработување во септември оваа година во земјата се зголемило за 0,5 отсто во споредба со август. Во септември биле вработени 216.000 лица, со што вкупното вработување во земјата ја достигна бројката од 45 милиони и 12 илјади вработени лица.
Според направената анкета, во септември имало 1,43 милиони невработени, што претставува пад од 2,7 отсто, односно 44.000 лица, кај невработените во споредба со претходниот месец.
Експертите велат дека стручната, теориската и практичната обука имаат големо влијание врз малата стапка на невработеност во Германија, особено врз невработеноста кај младите лица.