Elena Trenchevska Chekovic
07 Ноември 2025•Ажурирај: 07 Ноември 2025
СКОПЈЕ (АА) - Пензионерите во Франција одржаа демонстрации свикани од големите француски синдикати ЦГТ, ФО, ФСУ и Солидер, барајќи повисоки пензии, заштита на јавните услуги и мерки за одбрана на куповната моќ, јавува Анадолу.
Илјадници пензионери излегоа на марш низ улиците на Париз и други градови низ целата земја.
Демонстрантите носеа транспаренти и извикуваа слогани против владините буџетски намалувања што влијаат врз пензионерите.
Демонстрациите беа дел од поширокото спротивставување на предложениот буџет за 2026 година, кој вклучува замрзнување на исплатите на пензиите на нивоата од 2025 година.