Gökhan Kurtaran
14 Август 2019•Ажурирај: 15 Август 2019
ЛОНДОН (АА) - Меѓународната агенција за кредитен рејтинг „Мудис“ (Moody’s) соопшти дека излегувањето на Велика Британија од Европската Унија претставува надворешен ризик за изгледите за раст на Ирска, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Економскиот изглед на Ирска е силен поради тоа што е домаќин на меѓународните компании и придобивките од конкуренцијата. Излегувањето на Велика Британија од Европската Унија претставува надворешен ризик за изгледите за раст на Ирска“, се истакнува во соопштението на „Мудис“.
„Ирска е изложена на ризици кои произлегуваат од процесот Брегзит“, се вели во соопштението и се додава дека промената на глобалните царини и забавувањето на глобалната трговија прават притисок врз ирската економија.
Во соопштението пренесени се и ставовите на Сара Карлсон, потпретседателката на „Мудис“:
„Јавните финансии во Ирска закрепнаа брзо заедно со економското закрепнување. Приватниот сектор, исто така, го намали нивото на долг. Банкарскиот сектор повеќе не е итна обврска за Владата“, нагласи Сара Карлсон.