Firdevs Yüksel
14 Август 2019•Ажурирај: 15 Август 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - „Терминалот за прием на гас од гасоводот „Турски тек“ во Кијикој, главната секција на гасоводот на брегот на Турција, е завршен 95 отсто“, соопшти денес компанијата која раководи со проектот „Турски тек“, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Сите активности се во согласност со распоредот и првите количини на гас се очекуваат до крајот на 2019 година“, се вели во соопштението на компанијата.
„Директното и индиректното вработување поврзано со градежните активности во моментот изнесува над 1.700. Околу 100 работници се вработени од локалното население“, се додава во соопштението.
Од компанијата се истакнува дека кога ќе се стави во функција, приемниот терминал ќе го мери протокот на гас, температурата, притисокот и составот, пред количините гас да влезат во турската гасоводна мрежа.
„Турски тек“ ќе има капацитет на пренос на 31,5 милијарди кубни метри гас годишно, што ќе ја покрие побарувачката од енергија на 15 милиони домови.
Проектот се состои од две линии преку Црното Море, од кои првата ќе биде за снабдување со гас на Турција со капацитет од 15,75 милијарди метри кубни, додека втората линија е предвидена за снабдување со гас на Европа.