економија

Косово со реципрочна мерка за производите од Северна Македонија

„Министерот Шала првин испратил жалби преку Секретаријатот на ЦЕФТА, и исто така со писмо се обратил до министерот за економија, но тие не реагирале“, се вели во соопштението

Agim Sulaj  | 16.08.2019 - Обновена : 16.08.2019
Косово со реципрочна мерка за производите од Северна Македонија

ПРИШТИНА (АА) - Министерот за трговија и индустрија на Косово, Ендрит Шала, донесе одлука за спречување на увозот на мед и компири од Северна Македонија на територијата на Косово, пренесува Anadolu Agency (AA).

Според соопштнието на ова министерство, одлуката е донесена поради тоа што Северна Македонија спроведува тарифни пречки за производите од Косово, поконкретно за икрата, од јуни оваа година.

„Затоа“, се вели во соопштението, „министерот Шала првин испратил жалби преку Секретаријатот на ЦЕФТА, и исто така со писмо се обратил до министерот за економија, но тие не реагирале.“

„Денеска донесов одлука за да поставам реципрочна мерка за производите од Северна Македонија што се увезуваат во Косово, и да го спречам влезот на некои производи на начин Северна Македонија да направи чекори и да има еднакво третирање кон производите од Косово кои влегуваат во таа земја“, рече Шала, нагласувајќи дека бил принуден да преземе законски чекори во одбрана на интересот на Косово, на косовскиот бизнис и во одбрана на производите на оваа земја.

Шала истакна дека треба да има еднакво третирање, што според него е единствниот начин за да се напредува. „Во случај да продолжи ова третирање, ние ќе преземеме и други мерки, не само кон оваа земја, туку и кон другите земји“, додаде тој.

Северна Македонија ја донесе без предупредување одлуката за спречување на експортот на икри од Косово на 20 јуни.

Во врска со тоа, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство на Северна Македонија, Трајан Димковски, истакна дека забраната за увозот на резервите на риби во Северна Македонија не е само за Косово, туку за сите земји кои немаат спроведено мониторинг и немаат гаранција дека материјалот што ќе се внесе во Северна Македонија е здравствено исправен.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.