ТИРАНА
Претседателот на Големото национално собрание на Турција, Мустафа Шентоп, истакнувајќи дека терористичката организација ФЕТО претставува закана за безбедноста на секоја земја каде што има активности, рече: „Сите пријателски и братски земји ги предупредуваме во однос на тоа прашање“, јавува Агенција Анадолија (АА).
Шентоп на вториот ден од посетата на Албанија одговори на новинарските прашања.
Изразувајќи го задоволството поради посетата на пријателската и братска Албанија, истакна дека вчера имал многу плодни состаноци со претседателот Илир Мета, претседателот на Парламентот, Грамоз Ручи и со премиерот Еди Рама.
Шентоп, наведувајќи дека односите на Албанија и Турција се на добро ниво во секој поглед, рече: „Помеѓу Албанија и Турција има историски и културни врски. Дополнително на тоа, бројот на нашите граѓани етнички Албанци, е близу вкупното население на Албанците кои живеат на Балканот. Затоа, тие граѓани создаваат многу силна врска и мост меѓу двете земји.“
Истакнувајќи дека тоа е еден од најважните фактори кои претставуваат силна основа за билатерални односи на политички, историски, културен, економски и трговски план, Шентоп потсети дека за време на посетата на премиерот Рама на Анкара на 6-7 јануари е потпишан Договор за стратешка соработка на високо ниво.
Шентоп, исто така, потсетувајќи на средбата на Рама со претседателот Реџеп Таип Ердоган при таа посета рече дека со Договорот за стратешка соработка на високо ниво, односите меѓу двете земји кои досега биле многу добри на секое поле, се пренесени на уште повисоко ниво.
Наведувајќи дека има разговори за унапредување на односите меѓу парламентарните групи за пријателство, Шентоп рече: „Секако, епидемискиот процес негативно влијаеше на овие односи. Но, по епидемискиот период контактите ќе се зголемат на поинтензивен начин. Односите меѓу Турција и Албанија на економски и трговски план се градат на добри темели. Нашиот обем на трговија, кој е околу половина милијарда долари, не покажа сериозен пад во 2020 година, и покрај епидемијата. Тоа покажува колку обемот на трговија се реализира врз оправдани причини. Се надевам, а и наша цел е за неколку години обемот на трговија да се зголеми на над 1 милијарда долари. За тоа има потенцијал. Ако работиме понапорно и заеднички, ќе успееме во тоа.“
- Шентоп со предупредување на албаската јавност за ФЕТО
Претседателот на Парламентот, Шентоп, предупредувајќи ја албанската јавност за ФЕТО, нагласи дека Турција на 15 јули 2016 година беше подложена на обид за воен удар.
„Цел свет знае дека нашиот народ под лидерството на нашиот претседател излезе на улиците и застана пред тенковите и авионите и го потисна обидот за воен удар. Истрагите на Обвинителството и судските одлуки покажаа дека зад обидот за воен удар стои ФЕТО. Секој ден има нови докази за тоа. Со судски одлуки е докажано дека војниците кои учествуваа во обидот за воен удар, се поврзани со ФЕТО и се членови на таа организација. Секако, оваа организација пред обидот за воен удар, работеше со образовни институции, невладини организации и здравствени установи", истакна Шентоп и додаде:
„Ако не се направат многу внимателни, детални испитувања и студија, може да се смета дека се работи за обична невладина организација која работи како образовна установа. Но, во ноќта на обидот за воен удар, авионите кои беа користени од пилотите на предавничката терористичка организација исфрлија три бомби во зградата на Парламентот. Во безжичните комуникации откриено е дека оние кои предавале во училиштето поврзано со ФЕТО во Анкара, им наложиле на пилотите да го бомбардираат Парламентот."
Шентоп, истакнувајќи дека ФЕТО е многу подмолна организација која своите вистински цели и вистински активности ги крие зад маските како што се образовни институции, медиумски организации и невладини организации кои изгледаат невини, рече:
„Никој не можеше да предвиди дека наставниците во тие училишта, на кои им ги доверивме малите деца, ќе дадат упатства на пилотите да го бомбардираат Парламентот, и да се фрлаат бомби врз пратениците. Ама тоа се случи во Турција. Во судските транскрипти може да се најдат тие разговори. Затоа, оваа организација претставува закана и ризик за Турција. Турција, борбата во однос на ова прашање ја заврши успешно.“
- „ФЕТО претставува безбедносен ризик за земјите во кои дејствува“
Шентоп рече дека ФЕТО не дејствува само во Турција, како и дека станува збор за организација која на тој начин го обезбедува својот опстанок во некои земји надвор од Турција.
„Еден дел од нејзините членови, бегајќи од Турција, заминаа во други земји, додека друг дел го сочинуваат лица кои претходно дејствувале во тие земји. Бидејќи тие во земјите во кои престојуваат дејствуваат долга низа години, во тие земји работат на регрутирање на граѓаните и нивните деца во своите организации и нивно претворање во членови на организацијата. Значи на нив не треба да гледаме како на 10, 20, 100 лица пристигнати од Турција. Треба да се размислува дека постојат некои активни членови на организацијата кои се граѓани на таа земја обучени од нивна страна", потенцираше Шентоп, додавајќи:
„Тоа е причина поради која оваа организација претставува закана, безбедносен ризик за Турција. Турција го отстрани тоа. Но, би сакал да истакнам дека тие членови претставуваат безбедносен ризик за секоја земја во која дејствуваат, оваа организација претставува безбедносна закана за таа земја. Ги предупредуваме сите пријателски и братски земји за ова прашање. Неопходно е да се биде буден и да се ликвидира оваа организација, која работи под маски како што се некои подмолни медиумски организации, образовни институции, невладини организации. Покрај тоа, тие во Турција спроведоа активности, како што е обидот за воен удар во Турција во кој им ги одзедоа животите на 250 граѓани. Станува збор за жители на Република Турција кои извршиле злосторства и мора да и бидат вратени на Турција.“
Наведувајќи дека се свесни за постоењето на ФЕТО во балканските земји, Шентоп рече:
„Знаеме дека некои членови на оваа организација постојат и во Албанија. Знаеме дека некои институции, компании, образовни институции работат зад нивните маски. На оваа тема, нашите разузнавачки агенции, безбедносни организации, релевантни министерства, судски институции се секогаш во контакт. Потребно е враќање во Турција на припадниците на оваа организација, на оние на кои им се суди, по кои е поднесена потерница, кои се побаруваат со барање. Ниту една земја не смее да дозволи активности на оваа организација. Во Турција е преживеано тоа искуство и не треба да се чека и во другие земји за да не се повтори слично горчливо искуство."
Наведувајќи дека на сите средби кажува дека ФЕТО е меѓународна терористичка организација од новата генерација, Шентоп изјави:
„Ова се подмолни типови, терористи кои шетаат меѓу нас и се однесуваат како луѓе кои ги усвојуваат нашите мислења во разговорите со нас, но притаени терористички типови кои со нож нѐ прободуваат во моментот кога ќе го свртиме грбот.“
Истакнувајќи дека искуството на Турција е многу важно во овој поглед, Шентоп рече: „Се обидуваме да го објасниме она што се случи во Турција и како тоа како прва фаза може да се случи и во другите земји. Го доживеавме тоа во Турција, не сакаме тоа искуство да го доживеат и други земји. Го кажуваме тоа.“