Bojana Stojanovic
06 Февруари 2021•Ажурирај: 07 Февруари 2021
ЗАГРЕБ (АА) - Во последните 24 часа во Хрватска се регистрирани 424 нови случаи на коронавирусот, а починаа 22 лица , јавува Агенција Анадолија (АА).
Бројот на активни случаи во земјата денес изнесува вкупно 2.904.
Од нив 1.143 пациенти се на болничко лекување, од кои 106 пациенти се на респиратори.
Од вчера починати се 22 лица.
„Од 25 февруари минатата година, кога беше забележан првиот случај на коронавирусот во Хрватска, евидентирани се вкупно 235.126 заразени лица, од кои 5.144 починаа“, соопшти хрватскиот Штаб за цивилна заштита.
Регистрирани се 227.078 оздравени лица, од кои 453 во изминатите 24 часа.
Во самоизолација се наоѓаат 14.315 лица.
До денес тестирани се вкупно 1.223.360 лица, од кои 5.605 во последните 24 часа.