Ahmet Furkan Mercan
06 Февруари 2021•Ажурирај: 08 Февруари 2021
ТОКИО (АА) - Во Јапонија поради последиците од кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот, Ковид-19, за една година банкротираа над илјада претпријатија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Како што наведува јапонскиот јавен емитер НХК, „Теикоку датабанк“ спровела истражување за компаниите што поднеле барање за банкрот од февруари 2020 година.
Според резултатите од студијата, во земјата за период од една година банкротирале повеќе од илјада претпријатија. Најтешко е погоден угостителскиот сектор, во кој банкротираа 159 компании.
Во истиот период, меѓу останатото, банкротирале 85 градежни компании и 78 хотели и пансиони.
Поради последиците од кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот, во земјата во просек секој месец престануваат да работат околу стотина компании.
Во истражувањето на компанијата „Теикоку датабанк“ се наведува дека вонредната состојба, продолжена до 7 март во 11 префектури, дополнително ги намалила трошоците на граѓаните.