Sinan Doğan,Muhammed Emin Canik
06 Февруари 2021•Ажурирај: 07 Февруари 2021
БОГОТА
Во земјите на Латинска Америка продолжува трендот на висока смртност предизвикана од новиот тип коронавирус (Ковид-19), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во последните 24 часа од последиците предизвикани од новиот тип коронавирус (Ковид-19), во Бразил животот го загубија 1.239 лица, 1.368 во Мексико, 285 во Аргентина, 272 во Колумбија, 180 во Перу, 77 во Чиле, 54 во Боливија и 31 во Гватемала.
Според податоците објавени од Министерството за здравство на Бразил, во последното деноноќие во Бразил починале 1.239 лица заразени со Ковид-19, со што вкупната бројка на лица што починале од коронавирусот се зголеми на 230.034. Бројката на лица кај кои во последните 24 часа е детектиран Ковид-19 изнесува 50.872, зголемувајќи го вкупниот број позитивни на коронавирусот на 9.447.165.
По Соединетите Американски Држави (САД) и Индија, Бразил е трета земја во светот според бројката на лица позитивни на коронавирусот, а на 2. место според бројот на починати. Во оваа земја досега оздравеа 8.326.798 лица претходно позитивни на Ковид-19.
- Мексико
Министерството за здравство на Мексико соопшти дека во последните 24 часа во земјата починале 1.368 лица заразени со коронавирусот, а детектирани се 13.051 новозаразен.
Во Мексико досега се регистрирани 164.290 смртни случаи, а досега оздравеа 1.472.151 лице позитивни на Ковид-19.
Министерството за здравство на оваа земја соопшти дека досега се потврдени 1.912.871 случај на заразеност, но се претпоставува дека вкупната бројка на заразени изнесува 2.109.802.
Мексико, со популација од 126 милиони жители, се наоѓа на 13. место во светот според бројот на лица позитивни на Ковид-19, а на 3. место според бројот на починати на листата што ја објавува интернет-страницата „Worldometers“, која секојдневно ги ажурира податоците поврзани со пандемијата на коронавирусот во земјите од светот.
- Аргентина
Министерството за здравство на Аргентина информираше дека во последното деноноќие починале 285 лица од последиците предизвикани од Ковид-19, со што вкупната бројка смртни случаи во земјата се зголеми на 48.985. Во истиот период детектирани се 8.374 новозаразени, со што вкупниот број лица позитивни на коронавирусот се искачи на 1.970.009.
Во Аргентина, која има 45 милиони жители, досега оздравеа 1.763.762 лица заразени со коронавирусот.
Иако Аргентина спроведе многу долг карантин како превенција од ширењето на коронавирусот, сепак оваа земја според бројот на лица позитивни на вирусот се наоѓа на 12. место во светот.
- Колумбија
Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Колумбија, во последните 24 часа од Ковид-19 починале 272 лица, зголемувајќи го вкупниот број смртни случаи на 55.403.
Во последните 24 часа детектирани се 7.248 лица позитивни на коронавирусот, зголемувајќи го вкупниот број на заразени со вирусот на 2.142.660. Во оваа земја досега оздравеа 2.010.941 заразен со Ковид-19.
Колумбија, која брои популација од околу 50 милиони, е 11. земја во светот според бројката на заразени со Ковид-19.
- Перу
Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Перу, во последните 24 часа починале 180 лица од последиците предизвикани од коронавирусот, а детектирани се 4.770 новозаразени.
Во оваа земја вкупниот број заразени се зголеми на 1.173.145, од кои починаа 41.933 лица, а оздравеа над 1.086.643 лица кај кои бил детектиран коронавирусот.
- Чиле
Министерството за здравство на Чиле соопшти дека во последните 24 часа починале 77 лица од последиците предизвикани од Ковид-19, зголемувајќи ја вкупната бројка на смртни случаи во оваа земја на 18.808.
Во истиот период регистрирани се нови 3.782 случаи на заразеност со Ковид-19, зголемувајќи го вкупниот број на лица позитивни на коронавирусот на 744.019, а оздравеа вкупно 701.315 лица претходно заразени со коронавирусот.
- Боливија
Министерството за здравство на Боливија соопшти дека во последните 24 часа се детектирани 54 смртни случаи предизвикани од заразеност со Ковид-19, а бројката на новозаразени изнесува 1.676.
Вкупниот број на заразени во оваа земја изнесува 225.910, додека бројката на смртни случаи предизвикани од Ковид-19 се зголеми на 10.687. Досега оздравеа 166.446 лица позитивни на коронавирусот.
- Гватемала
Според податоците што ги објавија медиумите во Гватемала, во изминатите 24 часа регистрирани се 31 смртен случај предизвикан од заразеност со Ковид-19, зголемувајќи ја вкупната бројка на починати на 5.816. Во истиот период детектирани се 630 новозаразени, вкупно 162.295 од почетокот на заразата.
Досега во оваа земја оздравеа 148.133 лица кои претходно биле позитивни на коронавирусот.