Samir Kajoševic
22 Јуни 2020•Ажурирај: 23 Јуни 2020
ПОДГОРИЦА
Во Црна Гора се регистрирани пет нови случаи на Ковид-19, јавува Агенција Анадолија (АА).
Од Институтот за јавно здравје на Црна Гора се анализирани 168 примероци, од кои пет беа позитивни на Ковид-19.
„Двајца новозаразени се од Улцинљ и Рожаје и еден од Бар. Четири се контакти на претходно позитивни случаи, а за изворот на заболување кај еден заболен се трага“, наведуваат во Институтот.
Во Црна Гора моментално се активни 43 случаи на Ковид-19, од кои 16 во Рожаје, 12 во Подгорица, три во Беране, Улцињ и Будва, по два во Цетиње и Бар, Улцињ и по еден во Бело Поле и Даниловград.