Andelija Stojkovic
22 Јуни 2020•Ажурирај: 23 Јуни 2020
БЕЛГРАД
Републиканската изборна комисија во Србија денес соопшти дека излезноста на изборите била 50,32 отсто врз основа на 70,05 отсто од обработените гласачки места, јавува Агенција Анадолија (АА).
Директорот на Републичкиот завод за статистика на Србија ги прочита резултатите врз основа на обработените гласачки ливчиња, според кои изборната листа „Александар Вучиќ-За нашите деца“ на парламентарните избори освои 61,59 отсто од гласовите.
Според таа пресметка, на оваа партија и припаѓаат 76,4 отсто од пратеничките места, т.е во Собранието на Србија ќе имаат 191 пратеник.
Покрај нив во собранието влезе и коалицијата „Социјалистичка партија на Србија - Единствена Србија“, освојувајќи 10,37 отсто од гласовите, со што им припаѓа 12,8 отсто од пратеничките места, односно во собранието ќе имаат 32 парламентарци.
Во парламентот влезе и листата на Српскиот патриотски сојуз кој освои 3,64 отсто од гласовите, односно 4,4 мандати или 11 пратеници.
Пратениците во српскиот парламент ќе имаат и претставници на малцинствата - Сојуз на војводински Унгари 10 пратеници, а по двајца парламентарци добија листата на Муамер Зукорлиќ, Социјалдемократската акција на Санџак и Албанската демократска алтернатива.