Samir Kajoševic
16 Јули 2020•Ажурирај: 17 Јули 2020
ПОДГОРИЦА
Во Црна Гора се регистрирани 60 нови случаи на заразување со коронавирусот (Ковид-19), јавува Агенција Анадолија (АА).
Од Институтот за јавно здравје соопштија дека од 477 анализирани примероци 60 биле позитивни. Се наведува и дека најмногу нови случаи се забележани во Подгорица, каде има 24 новозаразени.
Регистриран е и еден импортиран случај кој по престојување во странство резултатите од лабораториското испитување ги добил со задоцнување. Заразеното лице од влегувањето во Црна Гора било во самоизолација. Во текот на денот во болницата во Беране пријавена е смрт кај уште едно лице заразено со Ковид-19, поради, со што има вкупно 17 потврдени случаи на Ковид-19 од почетокот на јуни", наведуваат од Институтот.
Во Црна Гора од почетокот на јуни вкупно се регистрирани 1. 582 случа на Ковид-19, а тестирани се 28.219 лица.