Adel Omeragic
17 Април 2019•Ажурирај: 18 Април 2019
ПОДГОРИЦА (АА) - Саемот на автомобили, мотоцикли и опрема „Auto Moto Show Podgorica 2019“ денес е свечено отворен во Подгорица. На саемот се изложени водечки брендови во автомобилската, мото и наутичката индустрија кои се присутни на пазарот на Црна Гора, јавува Anadolu Agency (AA).
Вкупно 37 компании ќе ги претстават своите модели во наредните четири дена, а за сите оние што ќе купат автомобил, мотоцикл или нешто од опрема, за време на траењето на саемот ќе им бидат обезбедени попусти.
Саемот ќе трае до 20 април.
Заменик-градоначалникот на Подгорица, Шаслав Вешовиќ, свечено го прогласи овогодишниот саем за отворен.
„Во Подгорица веќе имаме неколку традиционални саеми, а овој е еден од нив. Сето тоа налага да одиме во правец на добивање саемски центар. На тој начин Подгорица би станала саемски конгресен туристички центар. Мило ми е што овој центар стана традиционален и што од година во година е поголем квалитетот на саемот. Партнерството на главниот град и саемот е потполно оправдано и сакам овој саем да биде поуспешен од минатогодишниот“, изјави Вешовиќ.