Adel Omeragic
31 Декември 2020•Ажурирај: 03 Јануари 2021
ПОДГОРИЦА
Владата на Црна Гора објави во Службениот весник Одлука за основање нова авиокомпанија „ToMontenegro", јавува Агенција Анадолија (АА).
Во одлуката се истакнува дека основачот на компанијата е Владата на Црна Гора со удел од 100 отсто. Ваквата одлука е донесена откако Владата кон средината на декември одлучи да ја згасне националната авиокомпанија „Монтенегро Ерлајнс" (Montenegro Airlines), поради неликвидност.
Основниот капитал на новата авио-компанија е 30 милиони евра и ќе биде уплатен во рок од година дена од регистрација на компанија, во една или повеќе транши, од што четири милиони евра ќе бидат уплатени за време на регистрацијата.