Admir Fazlagic
31 Декември 2020•Ажурирај: 01 Јануари 2021
СКОПЈЕ
Во Република Северна Македонија во последните 24 часа од последиците на коронавирусот (Ковид-19) починати се 15 лица, со што вкупната бројка на смртните случаи од овој вирус во земјата се искачи на 2.503, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство соопшти дека во последното деноноќие се регистрирани 536 нови случаи на Ковид-19, со што вкупната бројка на регистрирани случаи на овој вирус во земјата се искачи на 83.329.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 741 оздравени пациенти од Ковид-19, со што вкупната бројка на оздравени пациенти изнесува 61.447.
Бројот на активни случаи на Ковид-19 во земјата изнесува 19.379.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.662 тестирања на Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 400.825 тестирања.