Adel Omeragic
31 Март 2019•Ажурирај: 01 Април 2019
ПОДГОРИЦА (AA) - Претставниците на парламентарната опозиција во Црна Гора, на седмиот граѓански протест, потпишаа Договор за иднината со која меѓу другото се бараат оставки на челните луѓе во државата и формирање техничка влада, јавува Anadolu Agency (AA).
Договорот пред повеќе илјади луѓе на подгоричкиот Плоштад на независноста, го потпишаа пратениците на Демократскиот фронт, Демократите, Социјалдемократската партија (СДП), Социјалистичката народна партија (СНП), Демос, како и независни пратеници.
Од друга страна, во име на Организацискиот одбор на протестите, Договорот го потпишаа Џемал Перовиќ, Дејан Пејовиќ, Омер Шаркиќ, Демир Хоџиќ и Ратка Јовановиќ Вукотиќ.
Претставникот на организаторот на протестите, актерот Славиша Грубиша рече дека со Договорот бараат оставка на претседателот на државата Мило Ѓукановиќ, премиерот Душко Марковиќ, челниците на обвинителството Ивица Станковиќ и Миливоје Кантиќ, директоро на Аенцијата за спречување на корупцијата Сретен Радоњиќ, како и на раководството на Радио Телевизија на Црна Гора.
„Претставници на граѓаните, заедно со пратениците, се обврзуваме на заедничка борба за смена на власта", се вели во договорот.
Основен предмет на договорот се услови за одржува фер и слободни избори.
„Потписниците изразуваат согласност за тоа дека заеднички ќе се залагаат за влада на граѓанско единство, избор на министри на паритетна основа, а на функцијата претседател на Владата не може да биде припадник на партиите кои сега се на власт", се вели во документот.
Исто така, потписниците на договорот се обврзаа дека нема да учествуваат на ниту едни избори кои ќе бидат одржани пред исполнување на барањата.