Adel Omeragic
05 Септември 2021•Ажурирај: 05 Септември 2021
ПОДГОРИЦА (АА) - Митрополитот црногорско-приморски Јоаникиј е устоличен денес во Цетињскиот манастир по свечената литургија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Чинот на устоличувањето на митрополитот Јоаникиј е проследен со судири во непосредна близина на манастирот и во центарот на градот помеѓу противниците на устоличувањето и припадниците на полицијата.
Утрово, митрополитот Јоаникиј и патријархот Порфириј беа префрлени од Подгорица до Цетињскиот манастир со хеликоптер, со силно полициско обезбедување. Ги чуваа припадници на антитерористичката полициска единица.