Bakir Tiro
14 Мај 2020•Ажурирај: 17 Мај 2020
ПОДГОРИЦА
Во Подгорица од денеска нема активни случаи на заразување со Ковид-19, јавува Агенција Анадолија (АА).
Од Институтот за јавно здравје на Црна Гора изјавија дека во таа земја има вкупно шестмина заразени.
„Врз основа на анализите направени синоќа, заклучно со вториот последователен негативен резултат и за пациентот од Подгорица, од утринава главниот град официјално нема активни случаи на заразување со новиот тип Ковид-19“, објавија од Институтот.
Се потсетува дека од почетокот на епидемијата на Ковид-19 во Подгорица беа забележани вкупно 164 случаи, додека бројот на заразени во Црна Гора изнесуваше 324.
„Бројот на излекувани е 309, додека во Гусиње се активни три случаи, во Улцињ два и во Бело Поле еден“, наведоа од Институтот.