Büşra Nur Bilgiç Çakmak
14 Мај 2020•Ажурирај: 14 Мај 2020
МАДРИД
Последните 24 часа бројот на смртни случаи предизвикани од заразеност со новиот тип на коронавирус (Ковид-19) во Шпанија изнесува 217, со што вкупниот број на починати се искачи на 27.321, јавува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство на Шпанија соопшти дека е забележан пораст во бројот на починати на дневно ниво.
Во истиот период е потврдено заразување кај 506 лица, со што вкупниот број на заразени се зголеми на 229.540.
Во соопштението се наведува дека оздравеле 2.551 лице кај кои претходно бил дијагностициран Ковид-19, и дека вкупниот број на оздравени е зголемен на 143.374.
Бројот на починати во Мадрид, жариштето на Ковид-19 во Шпанија, е зголемен на 8.779, додека во Каталонија бројот на жртвите од Ковид-19 изнесува 5.823.
Шпанските власти информираат дека во земјата со Ковид-19 се заразени 50.088 здравствени работници.
Министерството за здравство изврши 60.897 серолошки тестирања чии резултати покажаа дека само 5 отсто од населението има антитела против Ковид-19.