Adel Ömeragiç
25 Февруари 2017•Ажурирај: 26 Февруари 2017
ПОДГОРИЦА (AA) - Пет српски државјани обвинети за создавање на криминална организација која подготвувла терористички напади во Подгорица, на 16. октомври минатата година, го напуштија истражниот затвор во Спуж, откако со специјален обвинител потпишаа договор за признавање на вината, јавува Anadolu Agency (AA).
Тие го потпишаа договорот со кој е прецизирано да бидат по пет месеци во затвор и се обврзаа до завршувањето на судскиот процес да не ја напуштаат територијата на Црна Гора.
Договорот го потпишаа Никола Ѓуриќ, Синиша Четковиќ, Александар Чуровиќ, Дејан Станојевиќ и Милан Душиќ, додека во притвор останаа Братислав Диќиќ, Бранка Милиќ, Драган Максиќ, Србољуб Ѓорѓевиќ и Ивица Матиќ.
Српските државјани Александар Алексиќ, Милош Аќимовиќ и Перица Андриќ на 17. февруари во судницата на Вишиот суд во Подгорица ја признаа дека биле дел од криминалната организација.
Според нивните искази, планот бил насилно да влезат во зградата на Собранието и да чекаат понатамошни наредби доколку Демократскиот фронт загуби на парламентарните избори. Тие се осудени на по пет месеци затвор поради кривичното дело создавање на криминална организација.
Во овој предмет, црногорското обвинителство води постапка против вкупно 25 лица.