САРАЕВО (АА) - Повеќе од 1.000 Бошњаци, меѓу кои имаше малолетни и постари лица, поминаа низ логорите кои делуваа на подрачјето на Србија за време на војната 1992-1995 година, пишува Anadolu Agency (AA). Меѓу затворениците, освен Бошњаци, имаше голем број на Хрвати заробени во Вуковар.
Шљивовица, во општината Чајетина (во близина на Ужице) во Србија беше поранешен логор за Бошњаците од Подриње. Припадниците на Министерството за внатрешни работи на Република Србија во логорот Шљивовица и Митрово Поле од август 1995 година до април 1996 година држеа околу 800 босански мажи и момчиња од Жепа, Сребреница и околината, кои по падот на Жепа ја преминале Дрина и побарале засолниште во Србија. Воедно затворениците ги паметат логорите во Сремска Митровица како места каде што преживеале страшна тортура и мачење.
Во логорите Шљивовица, Митрово Поле и Сремска Митровица се регистрирани десетици случаи на тортура и нехуман третман на српските полицајци врз бошњачките мажи и момчиња, при што починаа најмалку пет лица.
- Од последиците од тепање со денови не можеле да се движат -
Сенад Jусфбеговиќ имаше само 17 години кога во јули 1995 година ја преминал Дрина и се обидел да најде засолниште во Србија. Но, наместо засолниште, завршил во логор каде што останал и по потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор, со кој заврши војната, дури до крајот на февруари 1996 година.
Тој беше заробен на 31 јули 1995 година во подрачјето на планината Sвезда, во кањонот на Дрина и е однесен во Jaгошница, а потоа во логорот Шљивовица.
„Тука бев три дена, по што на 4 август бев префрлен во логорот Митрово Поле. Во логорите поминав осум месеци и десет дена. Бевме изложени на тортури. Луѓето беа испрашувани, фотографирани како криминалци, изгладнувани. Постојано бевме гладни. Луѓето беа тепани, а испрашувањата беа крајно брутални", вели Jусуфбеговиќ, присетувајќи се на тешките денови поминати во логорите во Србија.
Како последица на тепањето, луѓето со денови не можеа да се движат.
„Хигиената беше катастрофална. По 15 дена се појавија вошки, а ние немавме можност за одржување на личната хигиена", рече Jусуфбеговиќ.
- Низ логорите Шљивовица и Митрово Поле поминаа 803 лица -
Во логорите, како што рече, имало повеќе десетици малолетни лица, лица постари од 60 години. Jусуфбеговиќ објасни дека во Србија се наоѓале повеќе логори, но дека најпознати од нив биле Митрово Поле, Сремска Митровица и Шљивовица.
„Само низ Шљивовица и Митрово Поле поминаа 803 лица. Значи, можеме слободно да зборуваме за неколку илјади луѓе кои беа уапсени на територијата во Србија. Сепак Србија и Босна и Херцеговина никогаш не покажаа волја и интерес за се направи нешто конкретно или да се спроведе истражување од страна на институциите. Тие места каде што поминавме месеци и месеци и преживеавме страшни тортури не можеме да ги наречеме поинаку освен логори", изјави Jусуфбеговиќ за АА, додавајќи дека многумина овие места ги нарекуваат „прифатни центри".
Со посредство на УНХЦР, во 1996 година тој е вратен во Босна. Неколку години по ослободувањето тој станал свесен за ситуација каде што се наоѓал.„Знам дека ми беше потребна стручна помош, ми треба и денес, особено во тој период", додаде Јусуфбеговиќ, на кој настаните кои ги преживеал во логорите му оставиле длабок белег. Имаше и такви кои, според неговите зборови, за време на измачувањето паѓаа во онесвест.
Амир Oмерспахиќ од Хан Пјесак во текот на војната бил во Жепа. По падот на Жепа, во јули 1995 година, заробен е во август.
„Бевме однесени во Шљивовица, десетина километри од Ужице. Јас бев таму шест месеци. Излегов на 29 јануари 1996 година" објаснува Oмерспахиќ.
Уште на почетокот започнале со малтретирање и тепање. Потоа ги натераа да застанат во колона по двајца со рацете зад вратот. Од ударите кои ги добиле, на Омерспахиќ му беше скршен прст.
- Последиците од тортурата во логорите се присутни и по повеќе од две децении -
„По пристигнувањето во Шљивовица мислев дека ќе биде подобро. Но дури тогаш настана вистински пекол. Не испрашуваа 24 часа, не обвинуваа за злосторства што не сме ги извршиле. Се случуваше да не јадеме и по два дена" се присетуваше Омерспахиќ.
Тој беше ослободен во јануари 1996 година по што заминал во Америка, но по неколку месеци, одлучил да се врати во Босна и Херцеговина. Денес, после повеќе од две децении тој се сеќава и дека биле посетувани од претставници на некои меѓународни организации. Сепак, по нивното пристигнување, работите само се влошиле бидејќи тогаш започнала тортурата и мачењето.
И Емир Aгиќ имаше само 17 години кога заедно со неговиот татко Емин биле заробени и одведени во логорот Шљивовоца. Поголемиот дел од војната го поминал во областа на Жепа. Денес е професор по англиски јазик, семеен човек на кого деновите поминати во логорот му оставиле трага.
„Заробени сме на 3. август. Луѓето кои не заробија беа граничари. После тоа дојдоа војници кои тие најверојатно ги повикаа. Ние бевме само пет, последна група која ја помина Дрина. При доаѓањето, веднаш имаше малтретирање, пцуење, навреди. Однесени сме во Јогошница каде не тепаа. На мојот татко му скршија две ребра", вели Агиќ за АА.
Два пати на патот до Јагошница ги изведувале на стрелање. Во текот на целиот пат траеше и испрашување. По часови и часови малтретирање, стасаа во Шљивовица. Дури тогаш започнува вистинската тортура.
„По пристигнувањето во логорот тие веднаш почна да не тепаат и да не исмејуваат, велејќи ми да си ја направам фризурата оти ќе не снима Црвениот крст. Во собата број шест, татко ми и јас поминавме шест месеци. Најтешкиот момент во логорот беше изгладнувањето. Никогаш не смеев да ја кренам главата", рече Aгиќ.
Најтешко за сето тоа му падна удирањето на неговиот татко, бидејќи до тогаш такво нешто немал доживеано.
Заедно на 29. јануари сме префрлени во Америка. Од два логори, Митрово Поле и Шљивовица, во Америка не имаше 215", појасни Агиќ.
Еден од петте лица кои беа со него во логорот по ослободувањето изврши самоубиство.
Јасмин Мешковиќ на 5 април 1992 бил заробен во Брчко заедно со неговата сопруга и дете.
„Пред тоа работев како воено лице, како офицер на ЈНА, а бев заробен од истата таа армија, каде што работев и се колнев во братство и единство. Бев однесен во касарната во Брчко, а потоа и во Сремска Митровица", се сеќава на Мешковиќ.
Се сеќава и на колегите кои се заробени заедно со него, Зикрија Сичиќ, Рамиз Бешиќ, како и претседателот на младите на ХДЗ, на чие име не се сеќава. Долг бил патот до логорот во Митрово Поле. На секое место поминувале со измачување. Поставувани им се прашања и каков одговор да понудиле, следувала казна, удирање.
„Бев во ќелија со Бешиќ Рамиз, кој инаку работел во Загреб. Тоа беше мала ќелија, 2.5 метри должина и еден метар и нешто широка. На секое влегување или звук на клучот моравме да скокаме, да бидеме до ѕидот, со рацете на грб. Тепаат, удираат додека не паднеш во несвест. Кога ќе дојдеш до свест, по половина саат следуваше истото. Ако никој не тепа половина час, не знам како ќе звучи но нешто ти фали", се присети Мешковиќ на деновите поминати во логорите во Србија.
По војната дознал дека Бешиќ Рамиз е разменен по шест месеци, Зикрија по Сремска Митровица е префрлен во Ниш, а после тоа починал од последиците на тепањето.
- Во Сремска Митровица беа и припадниците на хрватската војска од Вуковар -
Поради постојаното тепање, Мешковиќ беше шлогиран. Дури и тогаш не им пречело да го тепаат.
„Можеби јас бев првиот офицер на ЈНА, кој беше донесен таму. Јас знам дека после мене беа донесени и други. Во Сремска Митровица пред мене беа донесени припадници на хрватската војска, кои биле заробени на Вуковар. И тие не поминаа ништо подобро од нас. Во соседните келии слушавме крик, плачење...тоа не може да го опише ниту еден филм", објаснува Мешковиќ.
Еден ден, по него дошле и го одвеле во Воено медицинската академија (ВМА). Му рекле да каже дека паднал, со оглед дека имал модринки по целото тело. Таму го прегледала некоја докторка.
„По половина час повторно ме вратија во 'марица'. Мислев дека ме враќаат во Сремска Митровица. Меѓутоа, ми рекоа дека сум во Воено-истражен затвор во Белград. Тука бев во слична ќелија како во Сремска Митровица, само што тука беше војнички кревет. По одредено време, се опоравив. Знам дека во ќелијата од мојата лева страна беше една докторка која е заробена на Вуковар", раскажа Мешковиќ.
На крајот од мај, по него дошла стражата која го одела во една канцеларија. Таму го видел капетан Милорад Петровиќ, кој го познаваше лично. Тој му рекол да потпише некои документи и да оди на размена.
„Надвор врнеше. Тие ме стави во голф без регистарски таблички, возачот беше воен офицер, капетанот седеше напред. Тргнавме кон Босна. Капетанот ме праша дали знам каде е моето семејство и дека во БиХ има војна. Тој ме праша дали знам дека моето семејство е кај нив во Белград", се присети Мешковиќ.
Му понудил две опции, кога дојдат на линија на разграничување и кога ќе го викнат на размена, да дојде до линијата и да се врати, а тие ќе го спојат со семејството, ќе му дадат пасор и да оди во трети земји. Втората опција била да го вратат во активна служа во чин кој го имал.
„Прифатив да ме спојат со семејството, иако знаев дека од тоа нема ништо. Дојдовме на Рача, видов бункер со луѓе со брада. Петовиќ го прашаа з мене, а тој рече дека сум лице за размена. Кога слушнаа дека сум офивер, тука настана проблем. Успеаја да ме извлечат од Голф. Ме соборија преку мост, ми ставија нож под глава", вели Мешковиќ. Воените полицајци успеале да го земат од нив повторно и да го стават во Голф.
Меѓутоа, тука пак не бил крајот. На влез во Бијељина, иста ситуација. После тоа на ред е Угљевик, каде повторно го извеле и го уфрлиле во воена 'марица'. Внатре биле уште чеири лица кои и учествувале во неговото апсење. Ги одвеле во полициска станица во Лопаре.
„Во таа 'марица' поминавме пет дена и пет ноќи. Никој не ги отвора вратите, без храна и вода. Не можевме да одиме ниту во тоалет. Пукаа околу 'марица'. Еден ден се движевме. Отворија врата, но не можеш да станеш и да излезеш", раскажа Мешковиќ.
Размената е извшена во Симним Хан кај Тузла. Разменен е за генерал-потполковник Момир Зец. Откако стасал на слободна територија, дознал дека семејството не му е во Белград, туку дека пред рушење на мостот успеале да избегаат во Гуњ.
„Логорот во Сремска Митровица каде претходно бил Казнено-поправниот завод е концентрационен логор кој ниту еден филм не можел да го опише. Со кои апетити тепаа, мачеа, палката се креше од удари", порача Мешковиќ. Низ логорот во Сремска Митровица поминале околу 200 Бошњаци.
- Тортура над Бошњаците во логорите во Србија не беше предмет на ниту едно обвинение
Според истражувањето на Фондот за хуманитарно право, тортурата која мажите што изблегале од Жепа на територијата на Србија ја претрпеле во јули и август 1995. година, не беше предмет на обвинение ниту во еден процес кој е воден пред Меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија (МКСЈ).
Настаните од логорите во Србија не беа опфатени со пресудата на Меѓународниот суд на правдата во предметот БиХ против Југославија за геноцид извршен на територијата на БиХ.
Кон крајот на октомври 2016 година, Европскиот суд за човекови права во Стразбур донесе одлука со која ја отфрли преставката на поранешните логораши против Србија со образложение дека премногу доцна побарале заштита за повреда на правата од Конвенцијата.
Европскиот суд заклучи дека подносителите, како од самите настани до поднесување на кривичната пријава поминале преку 16. години, пропуштиле благовремено да покренат постапка за заштита на своите права.
news_share_descriptionsubscription_contact
