Ahmet Nurduhan
21 Април 2022•Ажурирај: 24 Април 2022
САРАЕВО (АА) - Хрватскиот министер за надворешни и европски работи, Гордан Грлиќ Радман, во Загреб се сретна со бугарската министерка за надворешни работи, Теодора Генчовска, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во изјавата по средбата Радман истакна дека на Западниот Балкан има голем потенцијал за создавање нестабилност и дека заедно со Генчовска се согласиле да ги преземат неопходните чекори за да се спречи ширењето на последиците од војната на Русија против Украина кон Западен Балкан и Југоисточна Европа.
Наведувајќи дека промената на Изборниот закон во Босна и Херцеговина е од големо значење за неговата земја, Радман рече: „Сегашниот Изборен закон на Бошњаците им дава право да го изберат претставникот на Хрватите, кои се малку на број.“
Од друга страна, Генчовска истакна дека односите меѓу Бугарија и Хрватска во рамките на НАТО се на добро ниво.
Истакнувајќи дека добрите односи меѓу земјите членки на НАТО се важни за посигурна Југоисточна Европа, Генчовска додаде дека нејзината земја целосно ја поддржува Хрватска во решавањето на кризата во Босна и Херцеговина.
Меѓу другото, страните истакнаа дека односите меѓу двете земји традиционално се пријателски и дека двете земји меѓусебно се поддржуваат во нивното членство во Организацијата за економска соработка и развој (OECD).