Bedrudin Brljavac,Bakir Tiro
23 Април 2022•Ажурирај: 23 Април 2022
Силен земјотрес ја потресе Босна и Херцеговина, јавува Агенција Анадолија (AA).
Според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ), земјотресот бил со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала и го погодил источниот дел на Херцеговина на длабочина од пет километри. Според податоците на ЕМСЦ, епицентарот бил во близина на Столац, на 30 километри северозападно од Билеча, град во јужниот дел на земјата во пограничниот регион со Црна Гора.
Земјотресот бил почувствуван во повеќе градови во Босна и Херцеговина, вклучително и во главниот град Сараево, каде што се треселе згради. Во градовите од регионот на Херцеговина веќе се забележува првата материјална штета.
Земјотресот бил почувствуван и во Хрватска, во областа Далмација, како и во Црна Гора, Албанија, Косово и Србија.