Bojana Stojanovic
25 Јули 2021•Ажурирај: 25 Јули 2021
ЗАГРЕБ (АА) - Во болницата во Славонски Брод од утринава примени се 45 лица што побараа лекарска помош по тешката несреќа на автопатот, а меѓу нив и осуммина тешко повредени, изјави директорот на болницата, Јосип Самарџиќ, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во сообраќајната несреќа што се случи утрово на автопатот кај Славонски Брод (Хрватска) загинаа најмалку десет лица откако автобус со косовски регистарски ознаки излета од автопатот.
Шефот на Цивилната заштита, Дамир Трут, наведе дека во автобусот имало 67 патници, меѓу кои и деца, и двајца возачи, и дека девет патници и еден возач загинале.
Како што истакна, меѓу примените во болницата, четворица се оперирани, а 14 патници и еден возач се наоѓаат во полициската станица, чекајќи сместување во објект што ќе го обезбеди жупанијата.
„Според информациите што ги добив од полицијата, за 45 минути ќе биде отворена една лента и сообраќајот ќе продолжи“, рече Трут.