Bedrudin Brljavac
25 Јули 2021•Ажурирај: 26 Јули 2021
ЉУБЉАНА (АА) - Владата на Словенија донесе одлука угостителите во земјата од понеделник да мора да ги проверуваат ковид-сертификатите на своите гости, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Ова правило веќе важи за организаторите на јавни настани и други собири.
Посетителите на затворени места како што се пабови, кафулиња, ресторани, казина, клубови и сместувачки капацитети, мора да го почитуваат правилото да се вакцинирани, тестирани или да го прележале коронавирусот.
Сепак, отсега самите установи ќе мора да ги проверуваат посетителите пред влезот во нивните објекти.
Владата ја донесе оваа одлука на седницата во петокот поради брзото ширење на делта-варијантата на вирусот во Европската Унија.
Новото правило останува на сила до 1 август, соопшти Кабинетот за комуникации на словенечката Влада.