Elena Trenchevska Chekovic
25 Јули 2021•Ажурирај: 26 Јули 2021
СКОПЈЕ (АА) - Во последното деноноќие во Република Северна Македонија регистрирани се 24 нови случаи на коронавирусот, Ковид-19, со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата достигна 156.078, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во истиот период не се регистрирани починати од Ковид-19, според што билансот на смртни случаи од вирусот останува 5.489.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 6 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на досега излекувани изнесува 150.276.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 изнесува 310.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 4.133 тестирањa за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 953.144 тестирања.