Bojana Stojanovic
25 Јули 2021•Ажурирај: 26 Јули 2021
ЗАГРЕБ (АА) - Во сообраќајната несреќа кај Славонски Брод во Хрватска сериозно се повредени 15 лица, меѓу кои и едно девојче, изјави хрватскиот министер за здравство, Вили Берош, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во сообраќајната несреќа што утринава се случи на автопатот кај Славонски Брод загинаа најмалку десет лица од автобусот со косовски регистарски таблички.
По посетата на местото на несреќата, министерот изјави дека итната медицинска помош згрижила вкупно 44 лица, и потврди дека загинати се десет лица.
На прес-конференцијата во славонско-бродската болница Берош потврди дека брзата помош презела грижа за 42 повредени лица во Славонско-бродската болница, и за две лица во Новоградишката болница.
„Се слушнав и со премиерот и започна координацијата на сите активности околу [медицинската] грижата за повредените. Имаме 15 сериозно повредени лица, три лица се на операција. За останатите во тек е дијагностичка обработка. Во несреќата учествуваа и 15 малолетници. Едно девојче беше потешко повредено“, рече Берош.
Претходно, заменик општинскиот адвокат Славко Прањиќ изјави дека возачот кој управувал со автобусот во моментот на несреќата што се случи на автопатот кај Славонски Брод, во Хрватска, е приведен.
Тој рече дека според досега утврдените факти, автобусот излетал на тревната банкина од патот, и дека автобусот возел на релација Франкфурт - Приштина, а бил на превозникот „Дева турс“ со седиште во Приштина.