Alma Dekovic
29 Декември 2024•Ажурирај: 30 Декември 2024
ЗАГРЕБ (АА) - Според излезните анкети објавени во 19 часот, актуелниот претседател и кандидат на СДП и партнерите, Зоран Милановиќ, победува во првиот круг од претседателските избори во Хрватска, пренесува Анадолу.
Како што јави агенцијата Хина, Милановиќ освојува уште еден претседателски мандат со освоени 51,48 отсто од гласовите, додека кандидатот на ХДЗ и партнерите, Драган Приморац, освои 19,29 отсто од гласовите.
Според анкетата спроведена меѓу гласачите по излегувањето од гласачките места, трета е независната кандидатка Марија Селак Распудиќ со 8,84 отсто од гласовите. Следува Ивана Кекин (Можеме) со 8,33 отсто од гласовите.
Независниот кандидат Томислав Јоњиќ доби 3,99 отсто од гласовите, Миро Буљ, кандидатот на Мост 3,48, Бранка Лозо (Домино) 2,56, а независниот Нико Токиќ Картело 0,80 отсто.
Првите изборни резултати Државната изборна комисија (ДИК) ќе ги објави во 20 часот.