Elvır Hodzıc
07 Мај 2022•Ажурирај: 08 Мај 2022
САРАЕВО (АА) - Во последните 24 часа во Хрватска се регистрирани 835 нови случаи на зараза со вирусот на Ковид-19, а од последиците предизвикани од заразеност со овој вирус животот го загубија 7 лица. Во Хрватска во моментов активни на болеста се вкупно 5.430 лица, известува Агенција Анадолија (АА).
Од Штабот на Цивилната заштита на Република Хрватска информираат дека од заразените, 377 пациенти се наоѓаат на болничко лекување, од кои 16 лица се поврзани на респиратор.
Од 25 февруари 2020 година, кога за првпат е забележан случај на зараза со Ковид-19 во Хрватска, до денес, регистрирани се 1.127.336 лица позитивни на коронавирус, од кои починаа 15.881 заразен. Оздравеа 1.106.025 лица, од кои 765 во последното деноноќие.
Во самоизолација во моментов се наоѓаат 3.039 лица.
До денес во Хрватска тестирани се 4.810.816 примероци сомнителни на Ковид-19, од кои 3.265 во последните 24 часа.
Заклучно со 6.5.2022 година во Хрватска се аплицирани 5.246.531 доза на антиковид вакцините, а вакцинирани се 59,50 отсто од вкупното население на земјата, односно 70,77 отсто од возрасната популација на Хрватска.