Furkan Abdula
07 Мај 2022•Ажурирај: 09 Мај 2022
ВАЛАНДОВА (АА) - Официјалната церемонија на отворање на „29. Меѓународен фестивал на пролетни веселби - Х’дерлез“ се одржа во Валандова во југоисточниот дел на Северна Македонија, пишува Агенција Анадолија (АА).
На свеченото отворање на фестивалот што се одржа во валандовското село Чаликли, присуствуваа амбасадор на Република Турција во Скопје, Хасан Мехмет Секизќок, заменик-министерот за труд и социјална политика на Северна Македонија Енвер Хусеин, претставници на Меѓународниот пролетен фестивал Х’дерлез, политичари, пратеници, претставници на турските институции и организации во земјата и голем број граѓани.
Во своето обраќање амбасадорот Секизќок истакна дека Х’дерлез е предвесник на изобилството и плодноста и време во кое заедно со налетот на природата, цветаат надежите, а луѓето меѓусебно се дружат.

„Денеска му посакуваме добредојде на Х’дерлез. Жителите на Румелија во селото Чаликли во Источна Македонија се домаќини на овој настан каде имаме можност да ги видиме нашите деца во ралични активности, играјќи народни игри и танци, традиционално турско стрелаштво и натпревари на пеливани“, рече Секизќок, потенцирајќи дека Х’дерлез со овој аспект додава различна боја, значење и богатство на традиционалната турска култура.
Истакнувајќи дека се горди на богата заедничка историја која датира со векови, Секизќок рече: „Благодарение на нашата култура на соживот што го доживеавме низ вековите, сè уште сме во состојба да ги одржуваме во живот овие прекрасни традиции и ден-денес. За среќа, Северна Македонија е пример на Балканот и светот на културата на соживот“.
„Постојат односи меѓу Турција и Северна Македонија засновани врз многу цврсти основи, делејќи иста географија и историја, и чии култури се испреплетени. Турската заедница во Македонија има посебно место во градењето на силните врски и братски односи меѓу нашите земји“, истакна Секизќок.

Заменик министерот Хусеин во свое име и во име на Владата на Северна Македонија ја изрази среќата што присуствува на овој настан.
Потсетувајќи дека фестивалот и пропратните настани не беа организирани претходните 2 години поради епидемијата на коронавирусот, Хусеин рече: „Како Турци од Македонија, бевме погодени од овие ограничувања. Впрочем, за нас Турците што живееме тука, мал е бројот на ваквите активности. Затоа ние го цениме овој настан и се грижиме за него“.
Претседателот на фестивалот Шенол Тахир изјави дека Х’дерлез го симболизира повторното раѓање и обновувањето на природата.
Заблагодарувајќи им се на сите што придонесоа за успехот на фестивалот, Тахир рече: „Настанот кој започна во 1991 година како Саем Х’дерлез прерасна во Фестивал. Станавме регионален и републички настан. Во 2017 година влеговме на Репрезентативната листа на УНЕСКО за нематеријално културно наследство на човештвото и на тој начин станавме светски настан. Се надевам дека сите заедно ќе продолжиме заедно по овој пат“.

Од друга страна, почесниот претседател на фестивалот проф. д-р Ирфан Унвер Насратиноглу изјави дека благодарение на овој фестивал, кој дава свој придонес во односите меѓу Северна Македонија и Турција, различни градови од Северна Македонија воспоставиле братски односи со градовите во Турција. Проф. Насратиноглу истакна дека објавиле 24 книги од симпозиумите организирани во рамките на фестивалот.
Претседателот на Градскиот совет на Валандово Владимир Марков рече дека фестивалот Х’дерлез е одраз на културата, традицијата и соживотот на овие простори.
Халим Омер Согут, координаторот на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) - Скопје, рече дека ТИКА дала свој придонес во организацијата на пролетниот фестивал Х’дерлез, кој долги години традиционално ја претставува турската култура во Северна Македонија.

Хусрев Емин, претседателот на Tурските Hевладини Oрганизации во Северна Македонија (МАТУСИТЕБ), изјави дека фестивалот Х’дерлез кој традиционално продолжува да расте, е еден од најважните културни симболи на турското присуство во Северна Македонија.
Борбата на пеливаните на фестивалот беше проследена со голем интерес со учество на екипи од балканските земји.
Фестивалот Х’дерлез, поддржан од Министерството за култура на Северна Македонија и Министерството за култура и туризам на Република Турција, како и од многу институции и организации, започна на 5 мај, а ќе продолжи со различни активности до 8 мај.
