Балкан

Локални избори во Хрватска

На избирачкиот список за првиот круг од локалните избори запишани се 3.660.165 гласачи, кои од 7 до 19 часот ќе гласаат на 6.572 гласачки места во Република Хрватска

Stipe Majic  | 16.05.2021 - Обновена : 17.05.2021
Локални избори во Хрватска

ЗАГРЕБ

Во 7 часот утрово отворени се повеќе од 6.000 гласачки места за првиот круг од локалните избори во Република Хрватска на кои се кандидираа преку 38.000 кандидати и на кои право на глас имаат 3,66 милиони гласачи. Гласачките места ќе бидат отворени до 19 часот, јавува Агенција Анадолија (АА).

На избирачкиот список за првиот круг од локалните избори запишани се 3.660.165 гласачи, кои од 7 до 19 часот ќе гласаат на 6.572 гласачки места.

Челниците на локалната извршна власт мораат да добијат повеќе од 50 отсто гласови од лицата што гласале ако сакаат да бидат избрани во првиот круг. Ако ниту еден од кандидатите не надмине повеќе од 50 отсто, за две недели, на 30 мај, ќе се одржи вториот круг во кој влегуваат двајцата кандидати со најголем број гласови.

Гласачко право на локалните избори имаат сите полнолетни хрватски државјани кои се должни да гласаат во местото на престојување, така што нема отворени гласачки места во странство.

Со оглед на епидемиолошките мерки, сите хрватски државјани со право на глас можат да влезат во Хрватска без оглед од која држава доаѓаат, без потреба за приложување на каква било потврда, но имаат право на престојување во Хрватска до 12 часот.

На локалните избори се бира водство за 576 единици на локалната самоуправа кои имаат свои општински совети, претседатели на општинските совети, градоначалници, жупани и жупаниски собранија.

На листите за жупаниски собранија, вклучувајќи го и Градот Загреб, кој има статус на жупанија, пријавени се 7.104 кандидати, а на листите за градските и општинските совети 28.867. Кандидати за жупани и нивни заменици има 225, а во таа бројка се вклучени и кандидатите за градоначалник на Загреб и за негови заменици.

За претседатели на општинските совети и градоначалници се кандидираа 1.901 лице, вклучувајќи и заменици.

Во градовите Сплит и Риека за градоначалник се натпреваруваат по 11 кандидати, во Осиек седум, а во Загреб 10 кандидати.

Изборниот молк започна во петокот на полноќ, а завршува во недела во 19 часот, со затворање на гласачките места.

Лицата кои се во самоизолација ќе бидат посетени во куќите од членовите на гласачките одбори, а оние што имаат Ковид-19 ќе можат да гласаат со помош на друго лице.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın