Mustafa Talha Öztürk
15 Декември 2021•Ажурирај: 16 Декември 2021
БЕЛГРАД
Според здравствените власти, во Хрватска и Словенија е откриена омикрон-варијантата на коронавирусот, која брзо се шири, јавува Агенција Анадолија (АА).
Министрите за здравство на двете земји соопштија дека се обидуваат да го откријат изворот на заразата.
Епидемиологот Бернард Калиќ претходно рече дека очекуваат да се појават повеќе случаи на варијантата Омикрон во наредните денови и недели.
Хрватска вакцинира околу 54 отсто од своето население од 4,2 милиони, што е многу пониска бројка од просекот на ЕУ. Повеќе од 11.000 луѓе со Ковид-19 починаа во Хрватска.
Во меѓувреме, Словенија објави дека во последните скрининг-тестови извршени на Институтот за микробиологија и имунологија биле откриени четири примероци од варијантата Омикрон.
Министерот за здравство, Јанез Поклукар, рече дека ширењето на варијантата Омикрон може да предизвика уште еден бран на коронавирусот. Забавува и неодамнешниот пад на дневниот број на заразени и министерот го обнови својот повик до луѓето да се вакцинираат.
Словенија вакцинира околу 55,8 отсто од 2,76 милиони од населението. Земјата досега има регистрирано над 5.436 смртни случаи од последиците на Ковид-19.
Се очекува варијантата Омикрон по новогодишните празници да се прошири и во Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина.