Stipe Majic
27 Мај 2020•Ажурирај: 28 Мај 2020
ЗАГРЕБ
Според податоците што стигнуваат од Цивилната заштита, во Хрватска ниту денес нема новозаразени лица со коронавирусот (Ковид-19), јавува Агенција Анадолија (АА).
Стожерот на цивилната заштита на Република Хрватска ниту вчера не забележа нов случај на заразување со коронавирусот во Хрватска, но едно лице, кај кое претходно беше детектиран коронавирусот, почина. Со тоа бројот на смртните случаи забележани од појавата на коронавирусот во Хрватска порасна на 101.
Стожерот ги укина ограничувањата за работа во недела за пазарите, трговските центри и останатите трговски субјекти, а зголемен е лимитот на бројот на луѓе што можат да се собираат на отворени и затворени простории.
Во изминатите четири дена Хрватска имаше само еден забележан случај на Ковид-19.
Вкупната бројка на заболени од коронавирусот во Хрватска досега е 2.244, на болничко лекување се 42 лица, а од нив на респиратор се пет пациенти.