свет, Коронавирус

Во светот над 5.688.000 лица позитивни на Ковид-19

Според последните објавени податоци на интернет-страницата „Worldometer“, 352.287 лица ги загубија животите од последиците предизвикани од заразеност со Ковид-19

Muhammet Nazım Taşcı, Zuhal Demirci  | 27.05.2020 - Обновена : 27.05.2020
Во светот над 5.688.000 лица позитивни на Ковид-19

АНКАРА

Новиот тип коронавирус, што за првпат е забележан во кинескиот град Вухан, за кусо време се рашири низ целиот свет и во моментов во светски рамки позитивни на Ковид-19 се 5.688.840 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).

Интернет-страницата „Worldometer“ врши секојдневно ажурирање на податоците поврзани со бројот на заразени и смртни случаи во земјите од светот. Според последните објавени податоци, 352.287 лица ги загубија животите од последиците предизвикани од заразеност со Ковид-19, додека 2.432.236 лица кај кои беше детектиран вирусот оздравеа.

Според спроведените тестирања, во светот 5.688.840 лица се позитивни на новиот тип коронавирус.

- САД се земја најпогодена од пандемијата на Ковид-19

САД се земја со најголем број смртни случаи во светот од последиците предизвикани од заразеност со новиот тип коронавирус. Во оваа земја 1.725.275 лица биле позитивни на Ковид-19, а 100.572 лица ги загубија животите од последиците предизвикани од заразеност со коронавирусот.

- Земји во светот со над 20.000 лица позитивни на Ковид-19

Според податоците што ги објави „Worldometer“, листата на земји со над 20.000 случаи на заразеност со Ковид-19 изгледа вака:

Бразил (394.507), Русија (362.342), Шпанија (283.339), Велика Британија (265.227), Италија (230.555), Франција (182.722), Германија (181.288), Турција (158.762), Индија (151.876), Иран (139.511), Перу (129.751), Канада (86.647), Кина (82.993), Чиле (77.961), Саудиска Арабија (76.726), Мексико (74.560), Пакистан (59.151), Белгија (57.455), Катар (47.207), Холандија (45.578), Белорусија (38.059), Еквадор (37.355), Бангладеш (36.751), Шведска (34.440), Сингапур (32.343), Обединети Арпски Емирати (31.086), Португалија (31.007), Швајцарија (30.761), Ирска (24.735), Јужноафриканска Република (24.264), Индонезија (23.165), Колумбија (23.003), Кувајт (22.575), Полска (22.074) и Украина (21.584).

Бројот на смртни случаи во овие земји е следен:

Велика Британија 37.048, Италија 32.955, Франција 28.530, Шпанија 27.117, Бразил 24.593, Белгија 9.334, Германија 8.498, Мексико 8.134, Иран 7.508, Канада 6.639, Холандија 5.856, Кина 4.634, Турција 4.397, Индија 4.346, Шведска 4.125, Русија 3.807, Перу 3.788, Еквадор 3.203, Швајцарија 1.915, Ирска 1.615, Индонезија 1.418, Португалија 1.342, Пакистан 1.225, Полска 1.024, Чиле 806, Колумбија 776, Украина 658, Јужноафриканска Република 524, Бангладеш 522, Саудиска Арабија 411, Обединети Арапски Емирати 253, Белорусија 208, Кувајт 172, Катар 28 и Сингапур 23.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.