Dejan Maksimovic
24 Октомври 2020•Ажурирај: 25 Октомври 2020
ЗАГРЕБ (АА) - Штабот за цивилна заштита на Хрватска соопшти дека во изминатите 24 часа се регистрирани 2.242 новозаразени со вирусот Ковид-19, што е нов рекорд на дневно ниво, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението се истакнува дека моменталниот број на активни случаи во земјата изнесува 9.745. Меѓу нив 731 пациент се на болничко лекување, од кои 52 лица се поврзани на респиратор.
Во последните 24 часа од последиците на заразеност со коронавирусот починаа 16 лица.
Од февруари 2020, кога е забележан првиот случај на заразеност во Хрватска, досега детектирани се вкупно 33.959 лица заразени со Ковид-19, од кои 429 ги загубија животите.
Досега оздравеа 23.785 лица, од кои 875 во последните 24 часа. Во моментов во самоизолација се 27.967 лица.
Во соопштението на Штабот за цивилна заштита на Хрватска се наведува дека досега се спроведени 437.048 тестирања, од кои 8.087 во последните 24 часа.