Stipe Majic
25 Мај 2020•Ажурирај: 26 Мај 2020
ЗАГРЕБ (АА) - Поради исклучително поволната епидемиолошка ситуација, од денес во Хрватска сите деца од прво до четврто одделение се враќаат во основните училишта, јавува Агенција Анадолија (AA).
Училиштата се отворени за сите ученици од 1 до 4 одделение од основното училиште, а учениците треба денес да дојдат на училиште, што повлекува и обврска за доаѓање во училиште или оправдание за изостаноците, порача Министерството за наука и образование на Хрватска.
Меѓутоа, ќе се уважат и објективните околности како што се превозот на учениците, преселување од Загреб поради земјотресот или субјективни околности, а ќе биде земено предвид и доколку родителот се плаши да го испрати детето на училиште затоа што во семејството има лице кое боледува од сериозна болест.
Секое отсуство треба да се оправда, ученикот може да се врати на училиште во секое време, а наставниците треба да бидат на училиште, во рамки на распоредот на наставата.
Според Упатствата на Хрватскиот завод за јавно здравство, училиштето е безбедно место за сите ученици. Учениците кои покажуваат симптоми на респираторни заболувања, доколку имаат изречена мерка за самоизолација или се заразени со Ковид-19 не треба да одат на училиште.
Министерството препорачува да се работи само во утринска смена бидејќи во училиштата нема ученици од 5 до 8 одделение.
Според проценките, се очекува училниците да не бидат полни затоа што голем број ученици ќе продолжат да учествуваат во наставата преку ТВ или онлајн, со тоа што до завршување на училишната година во Хрватска останаа помалку од три недели.
Во Хрватска вчера е регистриран еден случај на коронавирусот, додека претходниот немаше регистрирани заразени со Ковид-19.