Stipe Majic
16 Октомври 2020•Ажурирај: 17 Октомври 2020
ЗАГРЕБ (АА) - Главниот штаб за цивилна заштита на Република Хрватска извести дека во последните 24 часа се забележани 1.131 нов случај на Ковид-19, јавува Агенција Анадолија (АА).
Бројот на активни случаи во Хрватска денеска вкупно изнесува 4.233.
Меѓу нив се наоѓаат 505 пациенти на болничко лекување, од кои 24 пациенти се на респиратор. Починаа 10 лица.
„Од 25 февруари 2020 година, кога е регистриран првиот случај на Ковид-19 во Хрватска, до денеска евидентирани се вкупно 23.665 лица заразени со новиот коронавирус, од кои 345 починаа, вкупно 19.087 се излекуваа, од кои 459 лица во последните 24 часа“, се наведува од Штабот.
Во самоизолација моментално се наоѓаат 17.242 лица.
До денеска тестирани се 385.072 лица, од кои 5.693 во изминатите 24 часа.